Бомаштар: Ние сме млада екипа, пресуди искуството на Еурофарм Пелистер

Екипата на Металопластика беше добар ривал на Еурофарм Пелистер на стартот од 1. коло од СЕХА лигата, а во Битола домашните победија со 30:26.

На оваа средба голманот на Металопластика, Милан Бомаштар имаше десет интервенции и покажа дека е доста перспективен играч со оглед на тоа што има 21 година.

После оваа средба, тој го кажа своето видување, а предноста на Еурофарм Пелистер ја виде во искуството.

„Пресуди тоа што Еурофарм Пелистер е поискуна екипа која игра во Лига на Европа. За нас ова дојде одлично бидејќи сме млада екипа која се развива. Имавме добро прво полувреме и предност од два гола, но домашните знаеја како да го стигнат ова и да дојдат до победа на крајот од натпреварот“, коментираше после натпреварот Бомаштар.

Металопластика и во 2. коло ќе гостува, а тоа ќе биде дуел на 6 февруари во Словачка кај Татран Прешов.