Болница во Магдебург

Во финишот на сезоната тимот на Магдебург остана без тројца важни ракометари во ротацијата.

Германскиот првак објави дека четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Висла Плоцк предизвика многу проблеми во тимот.

Исландскиот плејмејкер Гисли Кристјансон има фрактура на стопалото и сезоната за него е завршена.

Германскиот среден бек Филип Вебер има сериозна повреда на лигаментите, додека шведскиот пивот Оскар Бергендал, исто така нема да игра повеќе оваа сезона.

И покрај проблемите, Магдебург останува во битка за шампионската титула во Бундеслигата, а се наоѓа на чекор и до завршниот турнир во ЛШ.