“Боли поразот од Еурофарм Пелистер, но стојам на ставот дека Вардар е посилен од лани”

Освојувачот на двојната круна Вардар, во новата сезона стартува со изменет ростер во играчкиот кадар.

Претседателот Михајло Михајловски, вели дека се уште стои на ставот дека оваа екипа е поквалитетна од онаа минатата сезона.

“Оваа екипа е 30 проценти поквалитетна од минатата сезона. Поразот од Еурофарм Пелистер сигурно не боли, меѓутоа не ме загрижува многу бидејќи имаме нови играчи бидејќи екипата треба да се воигра. Во Струга одигравме доста квалитетни натпревари и го освоивме турнирот. Продолжуваме со подготовки во Магдебург на “Хумел Куп” и после тоа го играме дуелот со Загреб од четвртфиналето на СЕХА лигата”, вели Михајловски.

Вардар утре заминуваат за Магдебург, каде ќе настапат на турнир, а в понеделник се враќаат во Скопје и ќе продолжат да се подготвуваат за СЕХА дуелите против Загреб.