Божиќ Павлетиќ ја заврши авантурата во Бундес лигата, следна станица – Битола (ФОТО)

Со завршувањето на Бундес лигата за оваа сезона, заврши и краткиот престој во Германија за репрезентативецот на Хрватска и нов ракометар на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ.

Тој пролетниот дел од сезоната го мина во Гепинген и одигра солидно во Бундес лигата. На последниот домашен натпревар, Гепинген и официјално му се заблагодари на услугите на хрватскиот ракометар.

Десното крило од Хрватска се очекува да пристигне во Битола за околу три недели. Подготовките на Еурофарм Пелистер за новата сезона започнуаат на 19 јули во Битола.

27-годишниот ракометар во Еурофарм Пелистер на позицијата десно крило ќе настапува со репрезентативецот на Македонија, Ненад Костески и црногорскиот репрезентативец, Мирко Радовиќ.