Богданци неосвоива тврдина за кавадарчани – Младост со драматичен триумф над Тиквеш

Повратникот во суперлигашката конкуренција, Младост Богданци, ја оствари првата победа во елитното друштво. Во салата „Млаз“ во интересен натпревар беше совладана екипата на Тиквеш со 27-25.

Според очекувањата, во Богданци во почетните дваесетина минути се играше гол за гол. Двете екипи се менуваа во водството, но ниту една до 9-9 не успеа да се одлепи на повисока предност од еден гол.

Кавадарчани, кои не можеа да сметаат на левото крило Коцев и десното крило Хапал, влегоа во серија грешки, па Младост ги казни и поведе со 12-9. До крајот на полувремето, домашните ја сочуваа разликата и на пауза се замина со 13-11.

На стартот на вториот дел беше 14-11, но следуваше одлична серија на избраниците на Томе Петрески. Кавадарчани поведоа со 14-15, на петнаесетина минути до крајот беше и 17-20.

Се чини дека предвеме почнаа да се радуваат, па домашниот тим кој е спој на младост и искуство набрзина се врати во игра и со пресврт водеше со 21-20. Кавадарчани имаа уште една можност, поведоа со 21-23, но имаа многу пропусти во одбраната и Младост пак направи пресврт, 25-23.

Беше 26-25 во последната минути, кавадарчани одиграа пресинг, но не успеаја да го запрат Димитров кој од тешка позиција погоди во нивната мрежа за конечни 27-25.

11 септември 2020
27 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 септември 2020 21:20 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 11.09.2020 60'

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 19771327Победа
ТИКВЕШ 20141125Пораз

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саша Михајловиќцентрален бек00
4Димитар Пеевлево крило00
7Илија Диновлево крило04
9Стојан Наумовскилев бек00
10Ѓорѓе Банцалискицентрален бек00
12Горан Паунковголман00
13Никола Роглевдесен бек06
17Иван Стојчевскидесно крило01
18Александар Лупашколев бек09
19Митко Стоиловлев бек04
20Душан Каркалашевцентрален бек00
23Мартин Фидановпивот02
27Небојша Василевскипивот00
28Горан Лисичковцентрален бек00
32Никола Димитровдесно крило01
 Вкупно 027

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
Тоше Димитриевпивот00
6Стефан Колоскилев бек00
9Орданчо Лазовлево крило04
12Марјан Велковголман00
14Душан Медиќцентрален бек03
16Александар Мицевголман00
18Вања Смиљаниќдесен бек08
19Дејан Гошевскидесен бек00
20Васо Димитровголман00
23Костадин Петровпивот02
24Борис Ристовскицентрален бек00
26Ристо Окардовпивот00
77Јане Јанчевцентрален бек05
17Пеце Ѓорѓиоскипивот03
 Вкупно 025

Officials

Делегат:Судии:
КАМИШЕВСКИ ДУШКОМЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД