БиХ со 11 играчи 40 минути водеше против Германија, потоа…

Репрезентацијата на БиХ на гостувањето во Германија беше со само 11 ракометари кои 40 минути играа неверојатен ракомет и беа во предност, а потоа како да загубија сила и не издржаа да го донесат овој натпревар до победа од 25:21.

БиХ тргна одлично и брзо стигна до предност од три гола, 5:2. Буриќ имаше одличен старт на дуелот и успеваше да одбрани навистина тешки удари. Одлично ги предводеше колегите кои со секој напад знаеја што сакаат на теренот.

Како што се одвиваше средбата така стануваше јасно дека Германците тешко ќе можат да победа на овој натпревар. Имаа тешка игра, па тоа влијаеше и на ритамот со кој не се снајдоа во првиот дел. На паузата имаа негатива од 9:13, па новиот селектор Алфред Гисласон мораше многу да менува.

Почетокот на второто полувреме најави враќање на Германците во средбата. За десет минути ја неутрализираа негативата и почнаа да играат далеку подобро. Почнаа да се враќаат во мечот и на средина од второто полувреме дојдоа до предност која докрајот ја големија до четири гола така што вториот период го добија со 16:8.

Со ова Германците стартуваа според планот, а селекторот Гисласон имаше тешко деби на клупата на Бундес составот. Со пет гола најефикасен беше пивотот Хендрик Пекелер, додека Хефнер и Генсхајмер имаа по четири. Кај поразените ветераното Никола Прце имаше осум гола, а Херцег петпати погоди во голот на Германците.