БиХ останува без клучен играч, не сака да игра под водство на Обрван

Репрезентацијата на БиХ останува ослабена за одличен ракометар на позицијата десен бек, кој настапува за тимот на Монпелје. Станува збор за 30-годишниот Марко Паниќ, кој одбива да игра за националниот тим сè додека на позицијата селектор се наоѓа актуелниот тренер на ППД Загреб, Ивица Обрван.

Паниќ не игра за БиХ веќе две години, а нема да биде во тимот ниту на Европското првенство во јануари, па сосема извесно е дека ќе биде доста интересно.

„Постојано и бев на располагање на репрезентацијата. Тука бев и кога играв и кога не играв., но едноставно нема да се појавам додека овој тренер е тука. Тоа е моја одлука и став. Репрезентацијата може да смета на мене во иднина, но не под палката на овој тренер“, изјавува Паниќ, но не сака да ги објави деталите и причините за одлуката.

Едно од објаснувањата кое е најблизу до вистината е некое нивно недоразбирање или кавга од времето кога соработуваа на клупско ниво. Обрван му беше тренер на Паниќ во периодот од 2014 до 2017 година додека и двајцата беа во тимот на Шамбери во Франција.