Битолчани со два гола негатива на полувреме против Нексе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер губат со 12-10 на полувремето од првиот осминафинален натпревар од хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице. Иако Секељ блеска на голот, сепак битолчани имаат негатива на паузата.

По две промашувања од два тима, резултатот го отвори Мандалиниќ во 3. минута, а за вториот гол, пелистерци мораа да чекаат девет минути. И покрај трите одбрани на Секељ, македонскиот тим тешко го наоѓаше патот до мрежата на Радовановиќ.

Ниту Нексе не блескаше во нападот, но некако успеа да стигне до највисоки 4-1, пред Табоада во 12. минута да погоди вторпат за битолчани. Маџовски доби црвен картон поради еден старт над Маркушиќ, па мораше на трибини.

На негово место влезе Ојлески, кој погоди два пати по ред за 5-4 и враќање во игра. Томиќ доби исклучување, па Мандалиниќ и Граџан реализираа во следните наапди за 6-6, а по новите одбрани на Секељ, битолчани поведоа со 7-8.

Имаа две прилики за плус два, но не погодија, па Мелиќ израмни на 8-8. Беше и 9-9, нападот на битолчани снема идеја, па Нексе казни и ја врати предноста, 10-9 на две минути до крајот.

Иако Еурофарм Пелистер го имаше последниот напад, не реализираше и на одмор се замина со 12-10. Секељ собра 11 одбрани, три гола има Граџан, а по два Мандалиниќ, Табоада и Ојлески.