Билик: Ништо не е јасно, сè може да се случи со Бундес лигата

Еден од најдобрите ракометари на Кил и на репрезентацијата на Австрија, Никола Билик со свој коментар појасни што очекува да се случува во следниот период, но вели и дека очекува сезоната да биде завршена на терен.

Според него би било добро натпреварите да се доиграат, но вели дека и откажување на сезоната исто така е опција.

„Ништо уште не е јасно. Досега првенството и Купот се одложени, но јас се надевам дека ќе се најде начин како сезоната да биде завршена. Постојат повеќе сценарија околу тоа како настаните ќе се развиваат. Постои можност турнирите да продолжат, но постои можност и за целосно откажување на сезоната со тоа што би се нашол некаков модел за прогласување на шампионот. Засега во прв план е здравјето на луѓето. Сите мора да бидеме обединети и да останеме дома и да го заштитиме здравјето“, коментира Билик.

Екипата на Кил се наоѓаше на првото место во Бундес лигата при прекинувањето на сезоната.