Билети за Македонија – Чешка нема, ќе биде жешко во „Борис Трајковски“!

Машката репрезнтација на Македонија има убава шанса да го продолжи континуитет настапи на големите натпреварувања,  откако на првата средба против Чешка извлече ремми, 24-24.

Натпреварот започнува од 19:00 часот, се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“, а билети повеќе нема.

Ракометната федерација упати апел до сите што имаат обезбедено билети за утрешниот натпревар да се појават навреме во сала и да ги заземат своите места, бидејќи ќе има околу 7.000 гледачи.

Вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 17:30 часот, а ќе се затворат половина час пред стартот на мечот.