Срамно однесување на Хорват – праќаше срциња и одговараше ‘немо’ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска го заврши настапот на Светското првенство со победата над Бахреин од 43:32 и со освоено трето место во групата зад Данска и Египет.

Поразот од Египет во првото коло од 22:31 се покажа како клучен момент за конечниот пласман, особено што Хрватска најдобриот натпревар го одигра против светскиот првак Данска – 32:32.

По дуелот со Бахреин селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват даде осврт на последниот дуел.

Примивме многу голови во првиот дел. Сметавме на 7-8 разлика, но не беше така. Во нападот бевме добри, а во одбрана лоши во првите 30 минути. По поразот од Египет имавме цел Олимписки квалификации, тоа речиси и го остваривме. Покажавме дека одбраната 5-1 треба да биде наш заштитен знак, таа зона може да не врати во светскиот врв, изјави Хорват.

На прашањето дали имал разговор со луѓе од сојузот. Хорват само отвораше уста,а претходно правеше и гестикулации.

Што беше некоја грешка ? Одговорив,  заврши Хорват.

Потоа во студискиот дел на РТЛ, триото стручни коментатори Петар Метличиќ, Горан Шпрем и Драго Вуковиќ со многу критики ја коментираа изјавата на Хорват.

Ова беше безобразно, најжесток беше Шпрем.