Бидасоа со победа се загреа за Еурофарм Пелистер

Екипата на Бидасоа Ирун, која е следен ривал на Еурофарм Пелистер во Лига на Европа, со победа се загреа за дуелот со битолскиот тим.

Во натпревар од 14. коло од Асобал лигата, тимот на Бидасоа Ирун славеше против Хуеска со четири гола разлика, 29:25.

Најефикасни во победничката екипа беа левото крило Ињаки Каверо со шест погодоци и десното крило Рудолф Хакбарт, кој имаше 100% реализација, пет гола од исто толку обиди.

Бидасоа Ирун во досегашниот тек од сезоната во второто по ранг европско натпреварување забележа две победи и доживеа два порази.

Натпреварот меѓу шпанскиот тим и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 6 декември во Ирун, со почеток од 20:45 часот.