Беше ноќна мора за Македонија, а во недела ќе стави крај на репрезентативната кариера

По Мартин Страновски, кој го одигра последниот натпревар во националниот тим на Словачка во средата, викендов своето простување од националниот тим покрај Гоце Георгиевски, ќе има и чешкиот легендарен голман Мартин Галија.

44-годишниот кој сакаше да се пензионира од репрезентацијата на ЕП 2022 не успеа поради повреда, а Македонија му ја одзема шансата тоа да го направи на СП 2023, па тоа го остави за квалификациите за ЕП 2024 година.

Македонија и Чешка во минатото играа меѓусебе и во квалификациите и на големите натпреварувања, а нашите репрезентативции редовно имаа проблеми со Галија, а тој пак секогаш имаше дополнителен мотив кога играше против Македонците.

Галија последниот натпревар ќе го одигра во Фридек Миштек, каде веќе пласираната на ЕП, Чешка ќе го дочека Израел.

Чуварот на мрежата во моментов брани во тимот на Карвина, а во националниот тим е тренер на голманите. Поранешниот голман на Редбергслидс, Гепинген, Лемго, Гросшвалтат, Сент Гален и Горњик Забже за репрезентацијата на Чешка настапи на 218 натпревари.