Беше меѓу најдобрите ракометари во светот, а сега е уличен забавувач! (ВИДЕО)

Олафур Стефансон е еден од најдобрите играчи од минатото не само во Исланд, туку и во светот, но после завршувањето на кариерата тој не продолжи во ракометот.

Стефаносон во неговата кариера има настапувано во екипи како Магдебург, Рајн Некар и Колдинг, а со Сиудад Реал стана европски шампион во 2006, 2008 и 2009 година.

Сепак, ракометниот пат на десниот бек завршува во 2016 година кога кратко беше помошник во репрезентацијата на Исланд, а потоа тој се посвети на малку невообичаени работи.

Неодамна забавуваше пензионери во дом за старци, а пред неколку дена на улиците на Рејкјавик изведуваше музичка интерпретација за деца со рогови од ирвас и крила од пеперутка и ги забавуваше минувачите.