Беше во комбинација за тренер на Еурофарм Пелистер, ама останува во Египет

Поранешниот тренер на Мешков Брест, Даниел Гордо, кој беше во комбинација за нов тренер на Еурофарм Пелистер, реши да остане во Египет и во иднина да се посвети во екипата на Ал Ахли.

Раководството на најтрофејниот клуб од Египет, Ал Ахли, официјално објави дека ја продолжува соработката со тренерот од Шпанија. Гордо со најтрофејниот клуб од Египет потпиша договор на две сезони.

Шпанецот откако го напушти Мешков Брест поради ситуацијата во Украина беше ангажиран во Ал Ахли, а пред извесен период се шпекулираше дека е блиску до договор со Еурофарм Пелистер.

Сепак, Гордо одлучи да остане во клубот, со кој го освои Супер купот на Африка и обезбеди пласман на престижниот турнир, Супер Глоуб.