Бенфика стои на патот на „лавовите“, Гранољерс ќе се пресмета со Кадетен Шафхаузен

Денеска во седиштетот на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени паровите за второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Најинтересно би требало да биде на дуелите меѓу Рајн Некар и Бенфика, Ла Риоха и Адемар Леон, како и на двобојот меѓу Кадетен и Гранољерс.

Првите натпревари се играат на 21 септември во вторник, додека реваншите се една недела подоцна на 28 септември.

Македонија има само еден претставник, Еурофарм Пелистер, но тој е директно пласиран во групната фаза па ќе ја чека следната ждрепка.

Лига на Европа, 2 квалификациско коло:

Рајн Некар Левен – Бенфика
Валур Рејкјавик – Лемго
Бјерингбро Силкеборг – Нексе Нашице
Ла Риоха – Адемар Леон
Ним – ЦСКА Москва
Тулуз – Малме
Азоти Пулави – Фуксе Берлин
Арендал – Екс Ан Прованс
ГОГ Гудме – Морс
Кадетен Шафхаузен – Гранољерс
Висла Плоцк – Констанца
Спортинг Лисабон – Холстебро