Бенфика го елиминираше Рајн Некар, Ла Риоха го доби шпанското дерби

Познати се сите учесници во групната фаза од Лигата на Европа откако се одиграа и последните реванш натпервари во рамки на 2. калификациско коло. Последни место го групната фаза обезбедија Бенфика, Кадетен Шафхаузен, Лемго и Ла Риоха.

Во најинтересниот двобој во квалификациите за Лигата на Европа, екипата на Бенфика беше подобра од Рајн Некар, a после ремито во првиот натпревар тимот од Португалија на домашен терен во реваншот славеше со 33:28. Со вкупни 64:59 Бенфика го елиминираше бундеслигашот.

И покрај поразот од 27:28 од Адемар составот на Ла Риоха ќе игра во групната фаза откако успеа да ја сочува предноста од првиот натпревар од четири гола. После првите 30 минути Адемар имаше водство од 15:14 и до крај не успеа да обезбеди поволен резулат.

Гранољерс по вторпат загуби од Кадетен Шафхаузен овој пат на домашен терен со 27:32 и со два порази се прости од европските натпреварувања сезонава.

Бундеслигашот Лемго без многу проблеми беше поуспешен во двомечот против екипата на Валур, откако славеше на гостувањето во Исланд. Ракометарите на тимот од Германија го потврдија пласманот во групната фаза со домашна победа од 27:21.

ЛИГА НА ЕВРОПА 

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

АДЕМАР – ЛА РИОХА 28:27 (15:14)

БЕНФИКА – РАЈН НЕКАР 33:28 (18:13)

ГРАНОЉЕРС – КАДЕТЕН 27:32 (13:16)

ЛЕМГО – ВАЛУР 27:11 (11:11)