Бенфика ги изненади „лавовите“, голема негатива за Нексе и ЦСКА Москва

Во второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на Европа се одиграа неколку интересни и неизвесни натправари. Рајн Некар и Бенфика водеа голема битка во првиот натпревар, но на крај дуелот заврши без победник 31:31 што гостите ги става во поповолна позиција пред реваншот.

Во поголемиот дел од првото полувреме Бенфика имаше предност, најмногу од три гола но Рајн Некар се враќаше во игра. На полувреме гостите водеа 15:16. Во продолжението повторно гостите го диктираа резултатот и одржуваа три до четири позитива.

После долго време Рајн Некар поведе 27:26 во 51. минута и натпраарот влезе во многу неизвесна завршница. Во 59. минута Рамел погоди за 30:31, но Генсхајмер возврати и на петнаесет секунди до крај беше 31:31. Во последниот напад Ѓорѓиќ не погоди и натпреварот заврши без победник.

Генсхајмер беше најефикасен со седум погодоци, а Шмид  погоди петпати. Во тимот на Бенфика Оле Рамел беше најефикасен со осум гола, а Ѓорѓиќ постигна седум. Рожерио Мореаш даде три гола.

Во останатите дуели Фуксе Берлин забележа гостинска победа кај Азоти Пулави иако губеше на полувреме и е на чекор од групната фаза. Исто така и Висла Плоцк која во второто полувреме ја декласираше Констанца за двоцифрен триумф. Нексе се враќа со шест гола минус од гостувањето кај Силкеборг, а нерешено одиграа Арендал и Екс ан Прованс.

ЛИГА НА ЕВРОПА КВАЛИФИКАЦИИ, РЕЗУЛТАТИ:

АРЕНДАЛ – ЕКС АН ПРОВАНС 27:27 (17:15)
АЗОТИ ПУЛАВИ – ФУКСЕ БЕРЛИН 24:32 (13:11)
СИЛКЕБОРГ – НЕКСЕ 33:27 (16:14)
ГОГ – МОРС 30:24 (16:12)
КАДЕТЕН – ГРАНОЉЕРС 36:33 (21:17)
НИМ – ЦСКА МОСКВА 36:29 (17:13)
РАЈН НЕКАР – БЕНФИКА 31:31 (15:16)
ВИСЛА ПЛОЦК – КОНСТАНЦА 25:14 (7:6)