Белоруските ракометари со порака до Лукашенко: Престанете со насилство! (ВИДЕО)

Во Белорусија продолжуваат нередите и вондредната состојба, откако народот се побуни против реизборот за Александар Лукашенко за претседател.

Тој доби 80% од гласовите, но сите се сомневаат во точноста на резултатите, па опозицијата смета дека изборот не е легитимен.

Против Лукашенко е ЕУ, како и рускиот претседател Владимир Путин, а сликите кои стигнуваат од белоруската престолнина Минск, Брест, Гродно и останатите градови се ужасни.

Полициската бруталност ги шокираше сите, а белоруските репрезентативци и репрезентативки се огласија на социјалните мрежи.

Ирина Дронова, Владислав Кулеш, Алексеј Хадкевич, Ана Јашук, Карина Ежикова, Викторија Шамановскаја, Артур Карвацки, Анастасија Лобах и уште неколку…побараа да прекине насилството.

Погледнете…