Белорусите си тераат своја шема, машкото првенство си продолжува по календар

Ракометната федерација донесе одлука околу шампионатот за оваа сезона така што веќе е познато дали ќе има пауза и колку таа ќе трае.

Во најсилната лига во машка конкуренција практично нема да има никаква пауза и натпреварите ќе продолжат да се играат според предвидениот календар. Одлучено е сезоната да заврши на терен така што шампионот ќе биде добиен во предвидениот термин и покрај заканите од коронавирусот.

За разлика од машкото првенство, женската најсилна лига на Белорусија е одложена до 9 мај. Дури тогаш ќе биде познато дали натпреварите ќе продолжат односно дали сезоната ќе финишира на терен.

Што се однесува до Купот на Белорусија таму ситуацијата останува неизвесна. Во моментов натпреварувањето е одложено во двете конкуренции, а засега нема нови датуми и истите ќе бидат познати дополнително.