Барселона фати залет, изброи до 42 против Целје

Ракометарите на Барселона доминираа на средба против Целје и дојдоа до два бода против составот од Словенија докажувајќи ја својата надмоќ. Победата во која беа постигнати 42, а примени 28 гола беше доказ за разликата во квалитетот во моментов.

Барселона го реши овој натпревар многу рано. Во првите 30 минути имаше резултат од 21:14 така што уште тогаш успеа да го одлучи овој меч со што не дозволи да има поголеми проблеми за да може да се реши дуелот во продолжението.

После седум гола разлика на крајот од првото полувреме во вториот дел од средбата немаше поголем проблем за да може да се дојде и до уште поубедлива предност. Разликата брзо стана двоцифрена така што немаше поголем проблем за да може до крајот од натпреварот да се дојде и до висок триумф.

Играта беше сосема очекувана за Барселона. ракометарите од овој тим главно доминираа во секој дел од играта така што на крајот резултатот од 42:28 е одлика за она што беше сработено.

Блаж Јанц со седум гола беше најефикасен во победата на Барселона, додека шест имаше Гомез Абељо, а пет Дика Мем. Кевин Мелер имаше 13 интервенции, додека на спротивната страна Ивиќ и Вујовиќ немаа свој ден и завршија со по три интервенции. Најефикасен во Целје беше Домен Новак со седум погодоци.