Барселона се насочува кон млади и ефтини – потпиша со уште еден перспективен ракометар!

Тимот на Барселона, кој за следната сезона реши да не троши премногу финансии за скапи играчи, донесе нов ракометар во своите редови.

Раководството на ланскиот освојувач на Лигата на шампионите постигна договор со Ла Риоха за ангажирање на перспективниот ракометар Хавиер Родригез. Двете страни се договорија на соработка, која ќе биде со важност до 2026 година.

Новиот член на Барселона, исто така, дебитираше за шпанската сениорска репрезентација во април оваа година, а минатото лето беше капитен на младинската репрезентација.

Родригез во изминатата сезона во најсилното натпреварување во Шпанија одигра на одлично ниво, постигна 97 погодоци на 30 одиграни натпревари во дресот на Ла Риоха.

20-годишниот ракометар заедно со неговиот нов колега Хаиме Гаљего ќе ја делат минутажата на позицијата пикер.

Новата шпанска надеж потпиша за Барса