Барса својата голема надеж ја испрати на позајмица

Петтопласираната екипа од минатата сезона во Асобал лигата – Ла Риоха ќе биде посилна со левото крило и големата надеж на шпанскиот ракомет Марти Солер.

Младиот ракометар во Ла Риоха ќе пристигне на позајмица од поранешниот европски шампион Барселона и таму ќе остане најмалку две сезони.

Солер ќе биде вистинско освежување во екипата на Ла Риоха, која за следната сезона очекува подобар пласман на домашна сцена, но и добар настап во Европа.

20-годишниот ракометар во минатата сезона беше прекомандуван од вториот во првиот тим на Барселона како замена за Аитор Арињо кој мораше да оди на операција.

Сепак, во следната сезона немаше да добива голема минутажа покрај Ване и Арињо и раководството на клубот од Каталонија одлучи да го прати на позајмица за стекнување на уште поголемо искуство.