Барселона предводи бунт во Асобал: Седум екипи бараат смена на претседателот

Само три месеци после реизборот на Адолфо Арагонес за претседател на Ракометната лига Асобал, од страна на седум екипи кои се предводени од Барселона беше побарана оставка на првиот човек на лигата.

На 7 март за еден глас Арагонес успеа да го победи Хауме Конејеро, но постои големо незадоволство од менаџирањето на Арагонес и од неговата нетранспарентност во време на кризата поради коронавирусот.

Како што се вели седум екипи бараат негова оставка, а меѓу нив се Барселона, Бидасоа, Грањолерс, Анаитасуна, Логроњо, Бенидорм и Хуеска. Со оглед на тоа што овие потписи се доволни за свикување на ново собрание се очекува да дојде до нова расправа и веројатно и смена на Арагонес.