Барселона по одбрана на титулата во ЛШ, останатите напаѓаат

Денес со натпреварот меѓу Магдебург и Барселона ќе започне Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Актуелен бранител на титулата е токму екипата на Барселона, која славеше во ланското финале против полскиот шампион Келце.

Тимот од Полска, кој единствената титула во елитата ја освои во сезона 2015/16, имаше турбулентна година поради финансиските проблеми на клубот, но сепак, составот на Талант Душебаев се надмина себеси и одигра одлично во текот на целата сезона.

Ривал на Келце во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе биде ПСЖ. Францускиот шампион се нема радувано на титула во најквалитетното европско натпреварување, бидејќи само еднаш беше блиску до освојување на златото, но во финалето во сезона 2016/17 загуби од поранешниот македонски шампион Вардар.

Ланскиот освојувач на Бундес лигата, тимот на Магдебург, се очекува да има голема поддршка од трибините во Келн, со оглед на тоа дека е единствениот германски тим што обезбеди пласман меѓу најдобрите четири европски екипа.

Дуелот меѓу Магдебург и Барселона ќе започне со почеток од 15:00 часот. Второто полуфинале, на кое ќе играат Келце и ПСЖ, е закажано за 18:00 часот.

Финалето, како и натпреварот за трето место ќе се одиграат во текот на утрешиот ден.