Барса со Палмарсон во мечот за титула (ФОТО)

Откако не настапи на вчерашниот полуфинален двобој со Нант, исландскиот репрезентативец Арон Палмарсон се враќа за мечот за титула.

Палмарсон ќе му биде на располагање на тренерот Чави Пасквал, кој за овој натпревар реши да го изостави неговиот син, Алекс Пасквал, и ќе има само едно лево крило – Каспер Мортенсен.

Ова ќе биде последен натпревар за него во каталонскиот дрес, а покрај за Исланѓанецот, средбата со Алборг ќе биде последна и за тренерот Пасквал, Јуре Доленец, Раул Ентрериос, Седрик Сорендо и Кевин Мелер.

Натпреварот меѓу Барса и Алборг се игра од 18:00 часот.

Во дуелот за третото место ќе се сретнат француските ПСЖ и Нант од 15:15 часот. Составот на Нант е ист, ќе игра и Кире Лазаров, додека кај ПСЖ на местото на Адама Кеита, во ростерот ќе биде Матје Гребиј.