Барса не се шегува, со нов убедлив триумф завери нов Ф4 во Келн

Екипата на Барселона продолжува со доминантните игри во Лигата на шампионите, а дојде до уште една победа овој пат против тимот на Мешков Брест со 40:28 на реваншот од четврт-финалето.

Со новата победа составот на Барселона покажа дека сезонава игра убедливо најдобро и дека ќе биде прв фаворит за трофејот во Келн.

Во текот на целата средба Барса беше во позитива и во ниту еден момент составот на Мешков Брест не беше во можност да се доближи.

Победникот на овој дуел беше одлучен уште во првите 30 минути кога Барса создаде позитива од осум гола и имаше 21:13. Продолжението беше само шанса за уште поголема предност така што во ниту еден момент немаше дилема кој ќе победи.

На крајот до 40:28 победникот имаше и повеќе од убедлив пласман во следната фаза бидејќи Барса имаше 33:29 од првиот дуел.

Најефикасен со седум гола беше Мортенсен, додека шест гола постигна Гомез Абељо. Во Мешков Брест сосема очекувано седум гола имаше Гомез Абељо.