Барса додаде нов трофеј во богатата колекција

Каталонскиот гигант Барселона додаде нов трофеј во богатата колекција, откако го освои трофејот во Асобал Купот.

Барселона славеше во финалето на завршниот турнир против Адемар Леон со 18 голови разлика, 39-21.

Ова беше 12 трофеј по ред за тимот предводен од Антонио Ортега, а 18 во ова натпреварување.

Претходно во полуфиналето, Барса беше подобра од Куенка, а Адемар го елиминира Гранољерс.