Барса го „краде“ Симоне од Монпелје?

Каталонскиот гигант Барселона е во потрага по замена за повредениот Домен Макуц, кој ќе ја пропушти целата следна сезона.

Според „RTHаndball“, шпанскиот тим е заинтересиран да го ангажира аргентинскиот Диего Симоне, кој во моментов е врзан со договор со Монпелје.

Францускиот тим и Симоне имаат потпишано соработка и за претстојната сезона, но таму е Сташ Скубе, па лесно може да се случи за соодветна оштета да се откажат од услугите на Аргентинецот.

Барса откако се откажа од Циндриќ, го загуби на долго време и Макуц, остана само со младиот Пол Валера на средната бековска позиција, па мора да бара адекватни решенија.

Симоне комплетираше десет сезони во Монпелје, претходно две беше член на Иври, а има играно во Шпанија, за тимот на Торевиеха.