Барса „во игра“ за влез во СЕХА, ќе играат тимови од Јапонија и Кореја

Регионалната СЕХА лига оваа сезона започна подоцна од планираното, но се игра според планот, барем регуларниот дел.

Претседателот Борис Сапожњиков, во интервју за рускиот „Брз Центар“ откри интересни детали околу плановите на раководството на СЕХА.

„Првата задача ќе биде да го вратиме турнирот во формата во која беше пред пандемијата. Ќе се ​​тестира и ќе се стави во функција сè што веќе имаме. И потоа ќе ги направиме следните чекори. Не сме затворени и се залагаме за популаризација на ракометот не само на европскиот континент. Сè уште сме заинтересирани за Кина, но исто така гледаме кон Јужна Кореја и Јапонија. Можеби звучи чудно, но ова е нашата стратегија, која мора да се спроведе. Пандемијата не врати назад, но некогаш ќе заврши. И дури и да не, сепак ќе најдеме методи за да постигнеме поголеми и подобри резултати. Задачата е да се оди понатаму, да се привлечат силни тимови во лигата. Сега има многу контакти со клубови за учество што не добија место во ЛШ, а играат во Лигата на Европа и сакаат да играат во СЕХА. Ние навистина сакаме, на пример, Флензбург да игра во СЕХА, Барселона исто така. Но во Каталонија, сè уште со интерес гледаат како се развива СЕХА. Не можеме да кажеме многу детали, сè е во некоја почетна фаза. Можеби не треба да откриваме многу работи. Важно е дека во такво турбулентно време имаме целосно разбирање од ЕХФ“, вели Сапожњиков.

Веројатно од следната сезона во лигата ќе има најмалку уште две екипи, а една од нив ќе биде рускиот првак ЦСКА Москва, кој повторно ќе биде дел од ова натпреварување.