Банцалиски солиден во настапите низ Холандија

Новиот македонски интернационалец, средниот бек Ѓорѓе Банцалиски, кој од Партизан Гевгелија направи трансфер во Динамико од Холандија, имаше солиден настап во шампионатот на Холандија.

Екипата на Динмико беше поразена од Хавас со 23:32 во натпревар од 3. коло од холандскиот шампионат.

Банцалиски во мрежата на домаќините постигна три гола од исто толку обиди и подели неколку асистенции кон неговите соиграчи.

Во претходното коло, против екипата на Фејнорд, ракометарот од Македонија беше меѓу најдобрите на теренот со пет постигнати погодоци.