Бабиќ: Ќе играме подобро за една недела, ќе им објаснам на играчите што треба да направиме

Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен од Мешков Брест со 27-31 во првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, вели дека неговите избраници беа емоционално испразнети.

„Им честитам на гостите. Ние сме празни емоционално, не ја игравме нашата игра. Очигледно не игравме добро, после Супер купот. Треба да размилсиме за се, да го поправиме тоа. Ова е прв меч, можеме да играме подобро, верувам дека ќе се покажеме подобро во Брест. Ќе играме подобро за една недела, ќе им објаснам на играчите што треба да направиме“, изјави Бабиќ.

Реваншот меѓу Мешков Брест и Еурофарм Пелистер се игра на 29 август во 15:00 часот.