Бабиќ: Благодарен сум до небо на моите ракометари!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа АЕК Атина со убедливи 30-19 и се пласираа во осминафиналето од Лигата на Европа.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, вели дека целта со пласманот во осминафиналето е остварена, но нема да се застане тука.

„Сакам да забележам дека игравме со големо срце, сакам да им се заблагодарам на моите момци до небо, секако Секељ беше одличен. Игравме одлично во одбраната, трчавме добро низ текот на целиот натпревар, но мислам дека карактерот на моите момци беше пресуден. Беше тешка група со АЕК, Кадетен, Спортинг…на крај ја постигнавме нашата цел, но одиме напред. Сакам да упатам благодарност и до нашите навивачи“, вели Бабиќ.

Следен предизвик за битолчани ќе бидат натпреварите од македонскиот плеј-оф, бидејќи СЕХА лигата е прекината.