Бабиќ: Со истата енергија и желба од Вардар против Нексе

Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик во Лигата на Европа. Битолчани ќе му гостуваат на Нексе Нашице во првиот осминафинален натпревар.

Тренерот Жељко Бабиќ верува дека екипата ќе биде спремна за брзото трчање на хрватската екипа.

„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Имавме три дена да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат. Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана“, вели Бабиќ.

Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 18:45 часот.