Бабиќ: Од Битола заминувам како подобар тренер

По две и пол сезони минати во Еурофарм Пелистер, хрватскиот стратег Жељко Бабиќ заминува од Битола.

Тој вели дека ќе си оди како подобар тренер од Македонија и се надева дека битолскиот клуб ќе продолжи да расте како клуб.

„Сакам да се заблагодарам на градот, на луѓето во клубот и пријателите кои тука ги запознав. Еурофарм Пелистер расте како клуб, полни сали секаде каде што ќе се појави и верувам дека ќе продолжи во оваа насока. Горд сум што работев во Македонија и убеден сум дека од Битола заминувам како подобар тренер“, изјави Бабиќ.

Хрватот најверојатно ќе го преземе хрватскиот вицепрвак во женска конкуренција, Подравка Вегета.