Бабиќ одбра за Рајн Некар: Маџовски, Костески и Граџан остануваат во Битола (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре заминуваат за Германија каде што во вторник од 20:45 часот ќе играат против Рајн Некар во 4. коло од Лигата на Европа.

Тренерот Жељко Бабиќ се одлучи за составот односно на пат води 16 ракометари така што сите што утре ќе патуваат и ќе бидат дел од тимот.

И на овој натпревар исто како и на претходниот ќе има само едно лево крило. Овој пат тоа ќе биде Гоце Ојлески бидејќи во Битола остана Маџовски. Покрај тоа во тимот го нема и пивотот Елмир Граџан и десното крило Никола Костески.

Првпат сезонава во составот се наоѓа Милан Џукиќ кој ќе треба да биде освежување за екипата за овој тежок дуел.

Јасно е дека Рајн Некар е фаворит, но Еурофарм Пелистер нема што да загуби и може да го покаже најдоброто. Инаку, кои 16 играчи патуваат за Германија може да се види на фотографијата во продолжение.