Бабиќ: Кадетен е квалитетен противник, но можеме да го совладаме

Екипата на Еурофарм Пелистер утре го игра дуелот од 2. коло од Групата Д во Лигата на Европа, а тренерот Жељко Бабиќ е оптимист дека може да се обезбеди позитивен резултат.

Составот од Швајцарија е сериозен противник така што нема да биде лесно, па затоа може да се очекува интересен дуел.

„Кадетен е тим со голема традиција. Станува збор за многу квалитетен состав. На домашен терен ракометарите на овој тим се многу поопасни. Многу трчаат, имаат цврст централен дел во одбраната, голман кој е во подем и е во репрезентацијата на Хрватска. Играме против сериозен противник и се надевам дека на наша среќа е и совладлив. Ова е натпревар каде што можеме да победиме и да одиграме добар ракомет“, вели стратегот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.

Во однос на првата средба ќе има само мали измени во составот и во играта.

„Немаме што многу да менуваме. Јосип Периќ е подобро. Имаше проблем со мускулот и затоа не почна со Французите. Реиние има свои лични проблеми и ќе го поштедиме и не оди на пат. Единствената измена ќе биде тоа што Периќ ќе го почне натпреварот од првата минута. Сè друго е исто. Мораме да играме силна одбрана и да имаме добро враќање назад. Мораме д бидеме многу попрецизни во нападот ако сакаме добар реултат“, коментира Бабиќ пред заминувањето за Швајцарија.

Утре натпреварот се игра од 18:45 часот.