Атман не го заборава Скопје: Навивачите таму се луди, ми недостигаат!

Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Павел Атман во интервју за рускиот sports.ru говореше за земјите во кои играше, за животот, образованието и условите за децата во нив.

Од сите земји каде што настапувал има убави впечатоци, но некои доживувања не ги заборава и му недостасуваат како што се навивачите во Скопје.

„Навивачите во Скопје се луди. Тие со цело срце навиваат за својот тим, ги даваат сите емоции. Се сеќавам на атмосферата на натпреварите помеѓу Металург и Вардар, арената за седум илјади гледачи беше преполна, од една страна навивачите на Металург од друга на Вардар. Сите прават врева, извикуваат, скандираат, фрлаат монети…Може да се каже дека тие навивачи се како фудбалските, се разбира таквата атмосфера влијае на играчите, се крева адреналинот и сте подготвени да се жртвувате“, коментираше Атман.

Русинот по краток престој во Вардар се врати во татковината, во Спартак Москвка а како една од причните за тоа беше неговото семејство. Иако условите за неговото дете во Скопје биле одлични, сепак со оглед на тоа што очекува второ дете според него најдобро е да бите во Русија со семејството.

„Синот има пет години и додека бевме во Скопје му се допадна фудбалот, помина многу време во спортски екипи. Но неодамна се премисли, одлучи дека не сака повеќе да ја игра со топка туку да се занимава со боречки вештини. За ракомет не е баш заинтересиран но ги следи моите натпревари. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата но секогаш ќе го поддржам неговиот избор“, заврши Атман.