Атанасовски: Кога е најтешко, Вардар игра најдобро

По поразот од Нексе во Нашице, ракометарите на Вардар ги очекува нов натпревар во регионалната СЕХА лига.

Противник е украинскиот првак Мотор Запорожје, а кружниот напаѓач Стефан Атанасовски дека играта во одбрана треба да биде клучна.

„Играта во одбрана треба да биде клучот. Имаме можност уште да напредуваме и напорно работиме на тоа. Секако малку не отргнува од фокусот тоа што не сме комплетни ниту на тренинг па мораме да менуваме во играта. Но, односот кон натпреварите и противниците ни остануваат исти, сакаме да покажеме дека сега кога е најтешко ќе играме најдобро. Мотор ни покажа каде треба да се подобриме и ќе треба трпеливо и мудро да играме на целиот меч“, вели Атанасовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Мотор Запорожје се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.