Астраион постигна 48 гола и славеше убедливо против Партизан

Ракометарите на Астраион одиграа многу ефикасен натпервар во 6. коло од плеј-аутот во Првата лига и против екипата на Партизан од Гевгелија остварија висока победа од 48:31.

Уште во првиот дел Астраион беше убедлив, во раната фаза направи серија од 10:1 за сигурно водство. Веќе да полувремето домашните ги имаа обезбедено бодовите кога водеа 24:14.

Продолжението беше формалност, се играше ефикасно на двете страни со брзи голови. Астраион го полнеше голот на Партизан кој на овој дуел настапи со само осум ракометари и немаше шанси да избегне пораз.

Најефикасни во тимот на Астраион беа Александар Цонев и Васко Стојанов со по 11 гола, Марко Стојанов постигна девет. Во тимот на Партизан уште еднаш многу ефикасен беше Ѓорге Банцалиски кој постигна 13 погодоци. Со овој триумф Астраион остана на врвот на табелта во плеј-аутот.