Астраион не виде мака против Македонија Ѓорче Петров

Тимот на Астраион и покрај проблемите со салите за тренинг во Струмица, забележа убедлива победа над Македонија Ѓорче Петров 31:16 во натпревар од 17 коло во Првата лига.

Одлично издание на струмичани во кое сите ракометари постигнаа голови и ги испратија гостите со полна мрежа. Тренерот Мики Пандев им даде шанса и на ракометарите што имаат помала минутажа.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога беше 18-6, а во второто полувреме гостите малку го ублажија поразот. Стојан Стојанов од Астраион со седум голови беше најефикасен на теренот, додека кај Македонија Ѓорче Петров се истакна Стефан Ангеловски со четири.