Арпад Штербик го завери второто место за Веспрем

Поранешниот голман на Вардар, кој сега брани за тимот на Веспрем, Арпад Штербик одбрани во голем стил на дуелот против Монпелје и имаше голем придонес во победата од 24:23 за заверка на 2. место во Групата Б од Лигата на шампионите.

Штербик ја заврши средбата со 14 одбрани и беше прогласен за играч на натпреварот, кој беше и меч на викендот во 13. коло од ЛШ.

Во текот на целата средба Веспрем беше во предност и го контролираше резултатот. Гостите се обидуваада надоместата, но имаше големи проблеми за да се успее во намерата да се дојде до победа бидејќи така Монпелје имаше шанси да заврши како втор.

Сепак, после контролата на играта и 16:14 на полувреме, Веспрем на моменти имаше и плус три гола. Во финишот од натпреварот Монпелје се доближи бидејќи и Марин Шего имаше одличен ден во кој заврши исто како и Штербик со 14 интервенции.

И покрај тоа немаше простор за повеќе бидејќи Веспрем успешно го потроши времето во последниот напад и го задржа водството од еден гол за победа од 24:23.

Дејан Манасков беше стрелец на еден погодок, а на овој натпревар во Веспрем најефикасен беше Драган Гајиќ со седум гола. По трипати прецизни беа Лауге Шмит и Штрлек. Во тимот на Монпелје прв стрелец беше Дескат со шест гола.