Анте Гаџа пред дуелот со Порто: Се надевам дека ќе се вратиме дома со бодови

Интернационалецот од Хрватска во редовите на Вардар, Анте Гаџа исто како и другите ракометари на „црвено-црните“ размислува позитивно пред гостувањето во Португалија.

И тој верува дека денеска може да се одработи добро и да се дојде до добар резултат. Нема да биде лесно,но дефинитивно ќе биде интересно на утрешната средба.

„Oдработивме добри подготовки иако дел од играчите беа со репрезентациите и не беа со нас. Во понеделникот одигравме натпревар со Нексе и првите 45 минути бевме убедливи и доминантни, а потоа навлезе некоја нервоза и грешевме. Мораме во Порто да бидеме далеку подобри бидејќи противникот тие грешки ќе ги зказнува. Првиот натпревар беше неизвесен. Прво се спасувавме, а потоа на крајот Порто извлече бод. Очекувам сличен натпревар и сега, а се надевам дека ќе се вратиме со бодови“, изјави  Гаџа пред заминувањето за Португалија.

Средбата утре се игра од 20:45 часот, а бодовите се важни и за двата тима. Инаку, на првиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“ на 22 октомври тој беше стрелец на еден гол.