Андреа Седлоска и Локомотива Загреб се шампиони на Хрватска

Македонската интернационалка Андреа Седлоска втора сезона по ред ја освои шампионската титула во хрватскиот шампионат.

Нејзиниот тим Локомотива Загреб финишираше на првата позиција на табелата пред големиот ривал Подравка Копривница.

На последниот натпревар од 26 коло, Локомотива Загреб славеше против Далматинка со убедливи 34-19 што беше доволно за 50 бодови.

Дури и да го загубеше овој натпревар и да имаше ист број бодови со второпласираната Подравка, Локомотива ќе беше шампион поради подобар меѓусебен скор.