Андреас Јохан Нилсон бил воодушевен: Кога гледав видеа од мечеви во Битола си реков – ова е вистинско лудило!

Вообичаено скандинавските спортисти, а особено ракометарите кога заминуваат во странство прво одат во Германија, или некоја друга земја од северниот или централниот дел од Европа. Но, Нилсон реши за својот интернационален предизвик да продолжи на југ.

Лани Еурофарм Пелистер во своите редови имаше двајца ракометари кои доаѓаат од земјата каде се игра најдобриот светски ракомет – Данска. Така ќе биде и сезонава, а покрај Каспер Кисум кој останува во Битола, нов ракометар со скандинавско потекло ќе биде Андреас Јохан Нилсен (25). Ќе им биде колега на Жарко Пешевски и Денис Василев.

Вообичаено скандинавските спортисти, а особено ракометарите кога заминуваат во странство прво одат во Германија, или некоја друга земја од северниот или централниот дел од Европа. Но, Нилсон реши за својот интернационален предизвик да продолжи на југ.

Кога дојде во Македонија температурите на воздухот беа секогаш над 35-36 степени, но за разлика од некои други тој сака топло време.

„Сакам сонце. Од таму каде доаѓам многу често време е ладно, температурата ретко оди над 30, секогаш врне. Така да ова мене ми одговара, го почнуваме разговорот со новиот пивотмен на битолчани.

Ако сметавме дека скандинавците се ладни, тешки за разговор, уште потешко да ги натераш да се отворат, да се насмеат, тоа не важи за Нилсон. За неполни две седмици веќе почнал да учи македонски, сака да се дружи, да биде со тимот.

„Почнав да учам некои зборови. Воошшто не е лесно, но ги знам основните работи, како: здраво, благодарам, извини, пријатно. Но, ќе научам. Сакам да бидам дел од тимот и да научам побрзо јазикот. Кога си во тимски спорт треба да знаеш да се прилагодуваш. Имаш нов тим, нови соиграчи..

Иако на пријателите им било малку чудно за неговиот избор да дојде во Македонија, Нислон смета дека направил добро што решил да потпише за Еурофарм Пелистер.

„Сметам дека овој мој потег е добар за мене и мојата кариера. Добив и доста добри информации и препораки, и од Каспер кој тука играше лани, од мојот менаџер исто така. Ми кажаа дека клубот оди во нагорна линија, добро е поставен и има добра огранизација. Пријателите и роднините беа многу изненадени. Ми велеа, Македонија е далеку, но им објаснив дека тоа е само 2,5 часа со авион и малку со возило. Подготвен сум за ваков предизвик. Бев седум години во Данска и сега е време за нешто ново, вели Андреас..

Бил доста фасциниран кога ги гледал на видео натпреварите на Еурофарм Пелистер, оние домашните, па и оние ривалски со Вардар.

„Гледав многу видеа, и оние со Вардар. Прво што го помислив кога ги гледав натпреварите на Еурофарм Пелистер, особено некои од нив си помислив – ова е лудило. Особено за мене бидејќи од таму каде што јас доаѓам вообичаено луѓето седат и само ракоплескаат на трибините. Тука се поагресивни навивачите, го сакаат поинаку спортот, тимот, и тоа е нивниот начин на изразување, вели Нилсон.

Тоа што навивачите секогаш имаа големи очекувања за него не значи дека ќе биде притисок.

„Мислам дека навивачите очекуваат и сакаат повеќе. Клубот лани беше шампион, и секако има притисок од навивачите. Ќе биде голем притисок, но ќе се справиме со тоа. Гледав како реагираат навивачите, како навиваат и тоа е атмосфера што мене ми недостасува. Тоа го сакам, вели Нислон.

Данецот очекува тимот да се бори на сите полиња. Сега се тренира многу за да може потоа да се издржи се она што ги очекува. По базичните подготовки во Маврово тимот е пак во Битола, ќе игра неколку контролни средби и потоа заминува за Добој на силниот турнир. До почетокот на сезоната треба да ја натемпираат формата бидејќи веднаш почнуваат силни мечеви.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!