Андон Бошковски останува во Вучитрн и донесе македонско засилување

Македонскиот стратег Андон Бошковски кој на почетокот на годинава го презема тимот на Вучитрн од Косово, ќе го продолжи својот престој во косовската екипа и наредната сезона, откако потпиша нов договор.

Покрај Бошковски, во екипата на Вучитрн, ќе игра и македонскиот интернационалец Стефан Андонов, кружен напаѓач кој настапуваше во тимовите на Еурофарм Пелистер 2 и Скопје.

Вучитрн го освои шампионскиот пехар во Првата лига на Косово минатата сезона и обезбеди камбек во најквалитетното косовско натпреварување.

Екипата на македонскиот стратег беше единствената екипа без пораз во прволигашкото друштво, додека останатите конкуренти за првото место имаа два или повеќе порази на свое конто.

Бошковски седеше на клупите на Вардар, Металург, Еурофарм Работник, Голден Арт, Радовиш, Пролет, романскиот Роман и уште неколку други тима, а беше и селектор на Грузија.