Ана Сен продолжува со Ростов Дон

Репрезентативката на Русија, Ана Сен која е играч на Ростов Дон го продолжи договорот за уште две години.

Водечката екипа во шампионатот на Русија која има максимален учинок ја задржува една од најдобрите ракометарки. Изданијата на Ана Сен во дресот на Ростов беа препорака раководството на клубот да и понуди продолжување.

Ана Сен настапува за Ростов од 2015 година, а претходно играше и за Ѓер, Ростов, Звезда Звенигород и Кубан.

Со Ростов таа е трикратен шампион на Русија, седум пати го има освоено Купот на Русија и пет пати Супер купот. Исто така беше победник во Купот на ЕХФ и финалист во Лигата на шампионите.