Ана Марија Коларовска не менува средина, останува уште една сезона во Ѓорче Петров!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров пред стартот на новата сезона задржа уште една клучна ракометарка во своите редови.

Во тимот на Симе Симовски останува бекот Ана Марија Коларовска, која во двете сезони одигра клучна улога во старо-новиот шампион на Македонија.

Коларовска на Ѓорче Петров му се придружи во текот на летниот трансфер период во 2021 година. Иако на 20-годишната ракометарка природна позиција и ѐ среден бек, сепак, може да одигра на сите бековски позиции.

Со Ѓорче Петров во минатата сезона стигна и до осминафинале во Европскиот Куп и настапот во третото по ранг европско квалитетно натпреварување го заврши со 24 постигнати погодоци.

Ѓорче Петров претходно ги продолжи договорите со Милица Николиќ, Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Ива Божиноска, Марија Јанкуловска, Слободанка Кицеска и Анастасија Николовска.

Ново име во таборот на Ѓорче Петров е довчерашната голманка на Вардар, Јована Трајкоска. Во следниот период се очекува да пристигнат уште неколку засилувања, кои би ги пополниле дефицитарните позиции во тимот.