„Ана Вјахирева е ракометниот Меси“

На местото на Амброш Мартин, на тренерското столче во рускиот шампион Ростов Дон дојде Швеѓанецот Пер Јохансон.

За рускиот „Брз Центар“, тој говореше за амбициите на неговиот тим во Лигата на шампионите, како и за Ана Вјахирева.

„Никогаш не сум видел ваков играч на ова ниво како Ана Вјахирева, ниту кај жените, ниту кај мажите, поседува одлични квалитети и ја споредив со Меси“, вели Јохансон.

Главните амбиции на Ростов Дон се пласман меѓу најдобрите во Лигата на шампионите, но и одбрана на шампионската титула во Русија. Јохансон смета дека неговата екипа има големи шанси да ја освои и титулата во Лигата на шампионите.

„Главната задача е да ја освоиме Лигата на шампионите. На крајот на краиштата, во тимот има многу ракометарки кои со репрезентацијата на Русија ги освоија Олимписките игри во Бразил. Ракометот овде е многу популарен, постојано нѐ следат медиумите, скоро секој ден. Покажавме дека сме најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампионите“, изјавува Јохансон.

Ростов Дон игра одлично во елитното натпреварување и на седум меча забележа шест победи и едно реми.