Амичитија Цирих никако да победи, Поповски со скромен учинок

Ракометарите на Амичитија Цирих повторно се поразени во домашниот шампионат. Во рамките од 23 коло, Берн беше подобар противник и славеше против Цирих со резултат 27:25. На полувреме резултатот беше 15:13.

Уште од самиот почеток домашните ракометари имаа контрола на резултатот и не дозволија изненадување со исклучок на последните десетина минути кога ракометарите на Амичитија Цирих се вратија целосно во игра и беа на минус два разлика.

Сепак во клучните моменти голманот на Берн, Марио Цвитковиќ, беше на задачата и успеа со неколку интервенции во низа да донесе важни бодови за својата екипа.

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски имаше скромна статистика и натпреварот го заврши со еден гол од два удари. Со денешниот пораз, Амичитија Цирих, останува на 9. позиција на табелата и се наоѓа во зоната за испаѓање.